Климатските промени кои ги создадовме ќе траат 50.000 години

- Advertisement -

Од средината на 20. век до 2000. години лобалните температури се покачија за околу половина степен, но се уште беа во границите на интеглацијалната фаза на ледената доба. Пред повеќе од две децении иднината ни пристигна порано од планираното и до 2022 година глобалните температури се покачија за уште половина степенA+, а последните деве години се најтплите забележани досега. 2023 година, пак, драматично сруши неколку климатски рекорди.

До септември годинава веќе имаавме 38 дена кога глобалните температури беа повисоки од прединдустриската доба за 1,5°C, која е безбедната граница која беше поставена на климнатскиот самит од Париз 2016 година.

- Advertisement -

Со оглед на рекордните скокови на температурите, дивите пожари и поплавите, ои се последица на човечки активности, сега климатските промени заземаат централно место на глобалната сцена. Научниците предупредуваат дека климатските промени кои ги предизвикавме самите нема да можеме да ги поправите во наредните 50.000 години.

Делумно, причина за скокот на температурите е испуштањето на стакленички гасови, затоа што фосилните горива се доминанте извор на енергија. Делумно, причина за поповисоките температури е се почистото небо изминатите години, па сонцето полесно продира низ атмосферата до Земјата. Понатаму, рефлектирачките огледала на Земјата се намалуваат, првично над Арктикот, а последните две години и над Антарктикот. А климатските последици од тоа се гледаат се повеќе сега.

- Advertisement -

Последните покачувања на температурата на нашата планета ја доведоа до температури кои не се забележани во последните 120.000 години, директно во интерглацијалната фаза, која е малку потопла од оваа во која се наоѓаме денес. Сепак, во текот на наредните векови ќе има уште поголемо затоплување, а една неодамнешна студија за ефектите на глобалното затоплување сугерира дека кераторите на политики треба да се подготват за неколку метри покачување на нивото на морињата и океаните во текот на наредните неколку века.

Тоа ќе се случи дури и ако се реализира анјоптимистичното сценарио за емисијата на јаглерод диоксид.

- Advertisement -

(Scienxe Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -