Меѓународен тим од научници, предводен од истражувачи од Центарот за науки во екстремнни услови на шкотскиот Универзитет Единбург, ставија под притисок јаглерод и видород во екстремна топлина, со што добиле материјали познати како јаглен нитриди, кои се поцврсти од бор нитрид, вториот најцврст материјал на Земјата после дијамантите.
Ова откритите ја отвора вратата кон повеќенаменски материјали кои ќе се користат во индустриски цели, вклучувајќи и заштитни премази за автомобили и вселенски бродови, алатки за сечење, соларни плочи фотодетектори, велат експертите.
Истражувачите се обидуваат да ги отклучат потенцијалите на јаглен нитридите уште од 1980. години, кога научниците по прв пат ги забележале нивните исклучителни својства, особено отпорноста на топлина.
Сепак, после повеќе од три децении истражување и повеќекратни обиди да се синтенттизираат, не забележале никакви веродостојни резултати. Сега меѓународниот тим од научници конечно постигна напредок и ставиле јаглерод и водород под притисок од 70 до 135 гигапаскали, што е околу 1 милион пати поголем од нашиот атмосферски притисок, додека ги загревале на температура поголема од 1.500 степени Целзиусови.
За да го идентифиваат атомскиот распоред при овие услови примероците биле осветлени со интензивни X-зраци на три акцелератори на честички, European Synchrotron Research Facility во Франција, Deutsches Elektronen-Synchrotron во Германија и Advanced Photon Source во САД. Тие откриле дека три споеви на јаглерод нитрид ги имаатп потребните градежни блокови за супер цврстина, а интересно е тоа што сега сите три имале својства како дијамантите кога се вратиле во услови на притисок и температурна околина.
Истражувањето е објавено во списанието Advanced Materials.
(Vidi.hr)
(фото: Wikimedia)