Со цел да им даде поголема предност на своите студенти на пазарот на трудот, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster) ја лансира својата нова револуционерна понуда Бреинстер+ (Brainster+).
Отсега академиите на Бреинстер го добиваат супериорното дополнување Бреинстер+, што е прва и единствена образовна понуда во нашата земја, која ги содржи сите 9 фактори потребни за вработување што ги бара индустријата.
Компанијата, која досега овозможи едукација за успешна кариерна трансформација на повеќе од 12.000 студенти, продолжува со инвестирање во квалитетно образование за кариера на новата ера.
„Во последните осум години инвестиравме над 5 милиони евра во развој, иновации, квалитет и во нашите студенти. Ако сме лидери на пазарот, не значи дека треба да престанеме со инвестиции и иновирање! Напротив, треба да го правиме тоа во уште поголем размер затоа што веруваме дека можеме повеќе и затоа што нашите студенти заслужуваат повеќе! Бреинстер+ е нашата најнова и најголема иновација досега. Истовремено ова е најголемата, најквалитетна и највредна едукативна понуда на нашиот пазар, која ја развивме со најсилните човечки ресурси во нашата држава. Во нејзината реализација се вклучени најдобрите експерти и практики од индустријата. Станува збор за подобрување на нашата програма на кое работиме последните 18 месеци, а со кое ќе ја направиме нашата понуда 10 пати посупериорна од сите! Веруваме дека од Бреинстер+ корист ќе имаат десетици илјади луѓе во наредните неколку години“ вели Петар Ниновски, основач на Бреинстер.
Студентите што ќе се запишат на некоја од академиите на Бреинстер до крајот на овој месец, ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Бреинстер+ бесплатно, а кој инаку е со вредност од 500 евра. Со Бреинстер+ иновативната образовна програма се дополнува со ПЛУС курсеви со вештини за вработување, напредни технички вештини, како и курсеви за позициите во ерата на вештачката интелигенција.
Кои се предностите на новата понуда на Бреинстер?
Деветте фактори за вработување што ги бараат компаниите денес, а Бреинстер ги овозможува, се: учење преку работа на реални проекти; грижа за студентите и поддршка при учењето; квалитетна програма изработена во партнерство со компаниите; професорски тим со експерти од индустријата; двојна сертификација; поддршка при вработување на студентите; вештини за вработување; напредни технички вештини, како и вештини за AI. Првите шест фактори за вработување Бреинстер и досега им ги овозможуваше на своите студенти.
„Првиот фактор за вработување што им го обезбедуваме на своите студенти е: учење преку работа на реални проекти. Со практичната работа за време на академиите, студентите на Бреинстер добиваат искуство што ќе им даде поголема компетитивност на берзата на трудот. Студентите на Бреинстер досега имаат реализирано повеќе од 300 реални проекти, од кои голем дел се „tech for good“, кои дале значаен придонес за заедницата. Поттикнати од идејата студентите да добијат вистинско насочување во образованието според нивните интереси и квалитети, грижа за студентите и поддршка при учењето, во Бреинстер е основан тимот Student Success. Тоа е вториот фактор што им го нудиме на студентите. Овој тим се грижи за одржување на квалитетот на програмите и задоволството на студентите, со цел да им овозможи успешно да ги совладаат сите предизвици во текот на образовниот процес и да ги подготви за следниот чекор – влез во индустријата“ велат од Бреинстер.
Третиот фактор е програмата изработена по Program Gold Standard од страна на стручниот тим на Program Operation. Овој тим, освен тоа што подготвува квалитетна образовна програма, дополнително константно ја приспособува според барања на индустријата. Четврти, и еден од клучните фактори, е изборот на предавачи на академиите. Имено, студентите учат од практичари, професионалци од компаниите, како и професори кои освен теоретската подготвеност, имаат значајно искуство и од индустријата. Петтиот фактор е двојната сертификација што секој студент ја добива по завршувањето на академиите на Бреинстер. Студентите добиваат сертификат признаен од индустријата, но и сертификат од акредитираната високообразовна установа Бреинстер Некст колеџ (Brainser Next College). Ова е потврда дека програмата на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди.
„Шестиот фактор е поддршка во процесот на вработување, која студентите ја добиваат преку нашиот тим Partnerships. Од подготовка за интервју, пополнување на CV-то, па сѐ до поврзување со некои од 150+ македонски и интернационални компании. Само во последните две и пол години, благодарение на оваа програма, се вработија над 800 наши студенти“ велат од Бреинстер.
Плус вештини за поголема предност на берзата на трудот
Отсега, со Brainster+ студентите ќе добијат и ПЛУС три фактори, кои ќе им дадат супериорна предност пред конкуренцијата на берзата на трудот.
Седмиот фактор е пакетот вештини за вработување којшто содржи седум курса со кои студентите ќе ги подобрат вештините за: комуникација, лидерство, критичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, подобра организација на своето време и обврски, креативност и иновативност. Тоа се знаења што компаниите денес ги бараат од новите и од тековните вработени.
Осмиот фактор е специјализирана програма со напредни технички курсеви. Со нив студентите од секоја академија ќе го добијат плусот што им недостига за да се профилираат во други или слични професии или, пак, да добијат можност да мигрираат на различни позиции во рамките на компаниите.
Деветтиот фактор се вештините за AI, потребни за работните позиции во ерата на вештачката интелигенција. Студентите ќе ги изучуваат предностите на AI алатките што ќе им ја олеснат работата, ќе ги подобрат нивните перформанси и, секако, ќе ги направат поконкурентни во професиите од новата ера!
Бреинстер, кој почна како стартап во 2015 година, денес е меѓу најдобрите 0,7% компании во Македонија. Врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година, се вбројува меѓу топ-500 најуспешни фирми во земјава. Со иновации во учењето, изминативе осум години успеа да се истакне како влијателен фактор во трансформацијата и развојот на образованието во нашата држава.
Аплицирањето е во тек. Сите што ќе се запишат на некоја од академиите на Бреинстер до 29.12.2023 година, ќе го добијат супериорниот едукативен пакет Бреинстер+ со ексклузивен попуст од 500 евра!