Мнозинството од работниците и раководителите, односно 71%, сметаат дека доцна попладне е најлошото време за работење и дека продуктивноста најмногу опаѓа во периодот од 15 до 18 часот, покажа истражување на компанијата Slek, која е подружница на компанијата Salesforce од Калифорнија.
Ова истражување е спроведено во соработка со агенцијата Qualtricks на повеќе од 10.000 испитаници, пренесува CNBC.
Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот циркадијален ритам на телото, кој значително опаѓа од 14 до 17 часот, наведуваат експертите.
Што да направите во тој период?
Корпорациите претпоставуваат дека работниците во текот на осумчасовниот работен ден се еднакво продуктивни во 8 часот наутро и во 15 часот попладне, но тоа едноставно не е вистина. Тоа го смета потпретседателката за истражувањ еи анализа на компанијата Slek, Кристина Јанзер.
Затоа на вработените им се советува во текот на доцното попладне да вршат некои полесни задачи, да направат кратка пауза или да ја слушаат омилената музика за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)