Во неверојатните фотографии кои ги направи вселенскиот телескоп James Webb планетата Уран го откри својот сјај и прикажа сложени детали за своите прстени и турбулентната атмосфера. Користејќи инфрацрвени сензори, телескопот овозможи појасен поглед на прстените на овој замрзнат џин, кои претходно беа нсимени само со вселенското летало Voyager 2.
Првата фотографија, направена во април годинава, открила 11 од вкупно 13 познати прстени на Уран, но последните два биле премногу бледи . Дополнителните набљудувања од страна на телескопот со користење на пошироко видно поле и дополнителни инфрацрвени бранови должини не само што откриле повеќе детали, туку ги откриле и последните два прстени.
Композитниот приказ открива девет од 27 месечини на Уран, а сите се на 98 степени од Сонцето. Друга фотографија прикажува пет дополнителни месечини, со што вкупниот број на прикажани месечини е 14.
Наклонетоста на оската на Уран резултира со продолжени пееироди со сончева светлина и темница на различни страни, а секоја од тие сезони на Уран трае 21 години на Земјата. И покрај лежерната 84-годишна орбита на Уран околу Сонцето, брзата ротација од 14 часа значи мешавина од долги и кратки времиња на експозиција на инструментите на телескопот.
(New Scientist)
(фото: NASA)