НАСА искористи мачка за тестирање на комуникациите во длабоката вселена

- Advertisement -

Мачките се еден од најомилените мотиви во видеа и фотографии кои се споделуваат на социјалните мрежи и апликации за допишување. Затоа не е изненадување дека видео со една мачка е емитувано во вселената.

Поточно, станува збор за видео со ултрависдока резолуција, на кое е прикажана мачката Тејтер, кое НАСА го емитуваше на растојание од 32 милиони милји за да ја тестира оптичката комуникација од длабоката вселена. Видеото траело 15 секунди и го прикажува Тејтерс како лови црвена ласерска точка.

- Advertisement -

За да може да го тестираат новиот облик на комуникација од длабоката вселена, видеото со Тејтерс, НАСА го прикачи на сондата Psyche, вредна 1,2 милијарди долари, која во откомври беше лансирана на шестгодишно патување. На патот до 3,5 милијарди оддалечен рекод астероид богат со метали, Psyche го емитуваше и видеото со Тејтерс.

Од НАСА се надеваат дека еден ден ќе емитуваат видео и други податоци од длабоката вселена и така да овозможат идни човечки мисии надвор од земјината орбита. За да го тестираат целиот систем на Psyche е поставен ласерски примопредавател кој емитува видео како кодиран блесок со инфрацрвен ласер. Тој ласерски блесок потоа го фатила опсерваторијата Паломар во Калифорнија со својот телескоп Hale.

- Advertisement -

Рекордната оддалеченост на преносот е околу 80 пати поголема од оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината, а на ласерскиот сигнал му требале само 101 секунда за да стигне до Земјата, објавија од НАСА.

(NASA)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -