Женските солзи вообичаено се сметаат за знак на слабост во случај на конфронтација со мажите, но научници открија дека женските солзи имаат и посебна функција. Во студија објавена во списанието PLOS Biology, истражувачи од Израел открија дека солзите на жените содржат хемикалии кои го менуваат однесувањето на мажите. Истражувачите откриле дека мирисот на женските солзи ја намалува активноста на мозокот поврзана со агресија, што резултира со помалку агресивно однесување на мажите.
Истражувањето кое го водел Шани Агрон од Институтот за науки Вајсман во Израел група мажи биле изложени на женски емоционални солзи, кои настанале во емоционални ситуации, додека друга група била изложена на физиолошки раствор. И двете групи играле игра која е осмислена да предизвика агресивно однесување.
Анализата покажала дека мажите кои биле изложени на женски емотивни солзи, во форма на инхалација, биле помалку осветољубиви и тоа за дури 40%. Научниците потоа направиле MRI на нивните мозоци, што открило намалена активност во регионите на мозокот поврзани со агресија (префронталниот кортекс и предниот инсули) кога мажите биле изложени на женски емоционални солзи во споредба со ситуации кога не биле изложени на солзи.
Како што велат научниците, ова откритие укажува на врска меѓу солзите, променетата мозочна активност и намаленото агресивно однесување кај мажите, а тоа укажува на улогата на хемиските сигнали во агресијата на луѓето. Оттука, научниците заклучиле дека мирисот на женските солзи може да содржи хемиски сигнали кои може да влијаат на однесувањето на мажите со намалување на тенденцијата кон агресија.
Инаку, интересно е тоа дека пред ова истражување, научниците ги забележале истите ефекти и кај глувците, па се наметнува заклучокот дека емоционалните солзи не се единствени само за луѓето, туку како хемиски сигнали ги користат и животните.
(Eurek Alert)
(фото: Flickr)