Изминатите години бевме сведоци на неколку вулкански ерупции кои би имале поинакви последици ако беа однапред предвидени. Растенијата кои се во близина на вулканите се тие што можат да сменат се.
Имено, вулканите од типот на тој што еруптираше во текот на декември во Гриндавик, Исланд, може да се детектираат однапред со помош на растенијата кои се околу нив. Едно ново научно истражување на научници од Универзитетот Мекгил во Канада откри дека зелените дрвја можат да реагираат како природни прогнозери и со години однапред да предвидат ерупција на некој булкан.
Овој иноватвен метод може да овозможи неопходна подготовка за потенцијалните ризици поврзани со вулканските ерупции. Истражувачкиот тим, предводен од Роберт Боге, се фокусирал на однесувањето на вегетацијата во националниот парк Јелоустоун во период од речиси четири децении – од 1984 до 2022 година. Нивниот пристап се базира главно на промената на бојата на растенијата како индикатор за вулканска активност .
Историски гледано, емисијата на јаглерод диоксид секогаш била еден вид на сигнал дека се случува вулканска активност, иако не е толку едноставно, особено ако се обидете да ја измерите во оддалечени области и с густа вегетација.
За да се надмине тоа ограничување научниците истражувале ки растенија реагираат директно на промените во вулканската активност. Во периодот пред ерупција поголемата емисија на јаглерод диоксид го стимулира растот на растенија и резултира со позелена нијанса на сателитските снимки.
Од друга страна, кога вулканската активност се приближува до врвот, растенијата страдаат од сулфур диоксидот и високите температури, со што манифестираат покафеави тонови.
РЕзултатите од истражувањето се објавени во весникот Geochemistry, Geophysics, Geosystems.
(The Weather)
(фото: Flickr)