Ектремно високите температури во внатрешноста на нашата планета не се место каде што би очекувале да најдете снег, но француски научници веруваат на јадрото на Земјата паѓа железен снег.
Новата студија која ја спроведе докторот по геофизика Лудовик Иге од францускиот Универзитет Гренобл Алп во соработка со своите колеги ја моделирала динамиката во лабораторија и открила дека железниот снег на некои планети може да ги вклучи и да ги исклучи магнетните полиња.
Со илјадници километри карпи меѓу нас и јадрото, тешко е да се знае точно што се случува таму долу. За да добијат увид научниците проучуваат како се движат сеизмичките бранови низ различни слоеви, а промените во нивната брзина откриваат траги од што се направени различни делови.
Во новата студија научниците направиле лабораториски експеримент кој ја имитирал физиката на настанувањето и протокот на железниот снег за да видат што може да се случува внатре во планетата. Иронично е тоа што експериментот го заменил железниот снег со обичен, користејќи сад со вода кој бил ладен одоздола, со слој солена вода на дното за да се спречи лепење на кристалите мраз.
Тимот открил дека долните слоеви вода се ладеле, кристалите мраз се дормирале и потоа пловеле нагоре, пред да се стопат кога ќе стигнат до потоплата вода во долниот дел од садот. Стурите кои ги поттикнал овој процес на крајот ги загреае долните слоеви и некое време спречиле создавање на нови кристали на мраз. Тоа го забавило создавањето струи, дозволило водата на дното да се излади и набрзо се формирале нови кристали, со што процесот почнувал одново. Целиот циклус траел околу 23,3 минути.
Тимот научници вели дека сличен циклус може да се случува и во внатрешноста на планетата, иако во многу поголема мреа. Тоа би поттикнало внатрешен проток на течности во растопеното железо и малку интригантна нуспојава затоа што магнетното поле на Земјата би флуктуирало, односно би се појавувало и би исчезнувало во периодични интервали.
Истражувањето е објавено во списанието Geophysical Research Letters.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)