Каде луѓето се најзадоволни од квалитетот на живот?

- Advertisement -

Белград, заедно со Тирана, Скопје и Подгорица се меѓу десетте европски градови каде што граѓаните се најмалку задоволни од квалитетот на ѓивот, но последните години сепак се забележува напредок, покажа едно ново истражување.

Имено, Извештајот за квалитетот на животот во европските градови за 2023 година, кој е шести по ред, опфаќа 83 градови од ЕУ и ЕФТа, Велика Британија, Турција и земји од Западен Балкан.

- Advertisement -

Покрај градовите во Западен Балкан, меѓу десетте градови каде што луѓето се најмалку задоволни од квалитетот на живот се и Истанбул, Неапол, Атина и Палермо. Истовремено, од квалитетот на живот најмногу се задоволни граѓаните неа Цирих, а потоа следуваат жителите на Копенхаген, Гдањск, Лајпциг, Стокхолм, Женева…

Во извештајот, кој го подготвува Европската комисија, се наведува дека од претходнот истражување, направрено во 2019 година, степенот на задоволство од квалитетот на живот паднал во ајголем дел од градовите, што е во согласност со очекувањата со оглед на пандемијата на Ковид и фактот дека глобалната економија уште не езакрепната.

- Advertisement -

Пад на задоволството од квалитетот на живот од 3 процентни поени е забележан во 34 од 76 градови. Најголем пад има во Лондон, дури 8 процентни поени, а следуваат Виена, Болоња и Мишколц со по 6 поени.

Од друга страна, Белград и Скопје, кои се меѓу десетте градови со најмало задоволство од квалитетот на живот, забележале најголем раст на задоволството од 2019 до 2023 година и го намалиле јазот кој ги дели од градовите со поголем степен на задоволство. Имено, во Белград е забележан раст на задоволството од 6 проенцнтни поени, а во Скопје од 4 поени.

- Advertisement -

Истражувањето за извештајот е направено меѓу јануари и април 2023 година и опфатило над 70.000 луѓе од 83 европски градови.

(Beta)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -