Кина успешно го изгради најголемиот цивилен комплекс на воздушни тунели во свето. После 16 години тајност, објавен е документот во кој е претстеван колосалната инфраструктура, еквивалентна на вкупниот број слични објекти во САД и во Европа.
Кина од 2007 година интензивно инвестираше во изградба на 18 воздушни тунели ширум земјата за на научниците и на инженерите да им понуди клучни полигони за тестирање. Овие објекти одиграа клучна улога во развојот на најновиот кинески авион C919, кој го означи kпробивот на нацијата во секторот на големи цивилни млазни авиони и тоа без обвиненија за копирање на западните дизајни.
Значењето на ова кинеско достигнување е очигледно во споредба со Западот. Додека најголемите воздушни тунели во САд и во Европа се помали од 5 метри, Кина може да Тие овозможувазт тестирање на различни предизвици во развојот на авиони, вклучувајќи аеродинамика, есктремни услови за работа, замрзнување, вибрации, бучава и системи за контрола на леатње.
Освен примената во авијација, колосалниот комплекс на воздушни тунели ги нагласува шоголемите амбиции на Кина. Експертите сугерираат дека оваа иницијатива оди подалеку од производство на авиони и укажува на намерата на Кина да ги реформира односите со Западот. Изградбата на толку голема инфраструктура укажува на стратешки потег насочен кон подобрување на конкурентноста во споредба со големите сили.
(Klix.ba)
(фото: Raw Pixel)