Под екваторот на Марс се кријат километарски наслаги од мраз

- Advertisement -


Површината на Марс можеби изгледа пуста и безживотна, но изгледа дека Црвената планета крие многу тајни во своите длабочини. Со новите технологии можеме да го откриеме тоа, а најновите радарски снимки покажуваат огромни плочи мраз, дебели со километри.

Тоа е најголемата количина вода која кога било е пронајдена на Марс и укажува на тоа дека сувиот камен кој е дел од Сонцето не е толку празен како што се мислеше. Новооткриените резерви на мраз чуваат количини вода еднакви на Црвеното Море, кои кога би се стопиле би го покриле Марс со океан со длабочина од 1,5 до 2,7 метри.

- Advertisement -

Новите радарски снимки покажале дека на некои места мразот е дебел и до 3,7 км. Оваа формација на мраз се протега на околу 5.000 км долж екваторот на Марс и претставува природна граница межи низините на северната хемисфера и висорамнините на јужната хемисфера.

Не е познато што ги создало овие резерви на мраз, но се огромни.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -