Истражувањата покажуваат дека во просек поминуваме по над шест часа на интернет дневно, а во која мера тоа е продуктивно не зависи само од личните преференци, туку и од брзината на мрежата.
Знаеме дека во Шведска е ладно, но и дека нивото на стандардот е многу високо, но новите истражувања покажаа и дека граѓаните на оваа земја полесно ги поднесуваат минусните температури затоа што имаат најбрз интернет во Европа.
Според податоците на сервисот BusinessComparison, Шведска е на прво место по брзината на итнернетот во Европа и дека за вчитување на нтернет на декстоп компјутер во земјата се потребни во просек 3,74 секунди. Потоа следува Финска со 3,84 секунди, која воедно е првата земја во светот која пристапот до интернет го вклучи во законските права на луѓето уште во 2010 година.
Третото место го делат Данска и Летонија, со просечна брзина од 4 секунди, додека на петто место е Литванија со брзина од 4,14 секунди, а на шесто Швајцарија со брзина од 4,23 секунди.
Шведска е на прво место во Европа и по просечната брзина на вчитување интернет на мобилните уреди – 7,48 секунди.
На дното на листата, за разлика од Шведска, се наоѓа Турција, со просечно време на вчитување интернет на декстоп компјутер од 10,22 секунди. После тоа се Бугарија со брзина од 9,38 секунди, Романија со 8,59 секунди, Кипар со 7,18 секунди и Полска со 6,09 секунди.
Во рамките на ова истражување нема податоци за земјите од регионот, освен за Хрватска, каде што брзината на интернетот е 5,12 секунди.
(021)
(фото: Pixabay)