Папара Франциско зборуваше за своите стравови и надежи во врска со вештачката интелигенција во својата порака по повод Светскиот ден на социјалната комуникација на Католичката црква, кој ширум светот ќе се одбележи на 12 мај.
Тој ги повика луѓето привремено да ги остават настрана катастрофалните предвидувања и нивните ефекти и да мислат на нови работи, но неговата порака е главно предупредување. Тој предупреди на когнитивното загадување кое може да ја искриви реалноста, да промовира лажни наративи и да ги затвори луѓето во ехо комори.
„Мора да размислиме да долготрајниот проблем со дезинформацијата во форма на лажни вести, кои денес може да користат deepfake, односно создавање и ширење на слики кои изгледаат совршено уверливи, но се лажни. И јас самиот бев предмет на тоа“ напиша папата.
Тој мисли на неговата лажан фотографија која минатата година стана вирална на социјалните мрежи, на кој е во бел капут до глуждови. Папата се осврна и на лажните аудиропораки кои користат нечиј глас за да речат работи кои вистинската личност никогаш не би ги изговорила.
Технологијата на симулација, која стои зад тие програми, може да биде корисна на одредени полиња, но станува перверзна кофа го искривува нашиот однос со другите и со реалноста, напиша папата.
Тој го повтори својот повик од минатиот месе за правно обврзувачки договор кој би ја регулирал вештачката интелигенција.
Во пораката, која беше објавена вчера, папата зборува и за вештачката интелигенциј поврзана со патологиите како намалување на плурализмот и пролиферацијата на групното размислување, при што се зазеаат консезусни ставови без да се разгледаат надворешнтие критики или алтернативи.
Папата повика и на внимателност при користењето на вештачката интелигенција во медиумите, особено при известувањето за војните.
(Zimo)
(фото: Flickr)