Apple е на прво место на кинескиот пазар за паметни телефони

- Advertisement -

Аналитичката компанија Canalys го објави извештајот за продажбата на паметни телефони во Кина за последниот квартал од минатата година и за целата календарска 2023 година. Според нивната анализа, бројот на испорачани уреди се намалил за 5% во однос на 2022 година, која беше најлоша во изминатите 10 години.

Меѓутао, последниот квартал покажал знаци на запрекнување со благ пад од 1%, односно вкупно биле испорачани 73,9 милиони единици. Во сето тоа посебно се истакнал Huawei, кој се најде на четврто место и речиси ја дуплирал својата испорака во однос на истиот период од минатата година.

- Advertisement -

Сепак, најголемо изненадување е Apple. Имено, последниот квартал од годината, кој во другите региони обично се смета за празничен, го одбележа лансирањето на линијата iPhone 15, што на Apple му овозможи по прв пат да го заземе врвот на листата. Побарувачката за новите iPhone била многу поголема од минатите години, а американскиот технолошки гигант забележа раст во однос на претходната година.

Apple успеал да ги надмине и локалните конкуренти и да ја заземе водечката позиција за цела 2023 година, со благо зголемување од 1%. Од друга страна, Vivo, Oppo, Honor и Xiaomi забележале пад во испораката.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -