Во Германија почнува тестирање на четиридневна работна недела

- Advertisement -

Во 445 компании ширум Германија почна да се применува четиридневната работна недела. Во текот на тестирањето ќе се утврдуваат ефектите од четиридневната работна врз платите кои се земале за петдневна работна недела. Тестирањето ќе трае шест месеци.

Иницијативата за четиридневната работна недела ја предводи берлинската компанија Intraprenor во соработка со непрофитната организација 4 Day Week Global (4DWG). Заговорниците на вакиот начин на работа се надеваат дека ва ќе ги направи работниците посреќни и порпродуктивни во време кога продуктивноста во Германија расте бавно и има недостиг на работна сила.

- Advertisement -

Според податоците на Централната банка на Германија (Deutsche Bundesbank), врвот на продуктивноста во земјата бил достигнат во 2017 година и оттогаш континуирано се намалува. Меѓутоа, таа продуктивност уште е далеку од продуктивноста на другите големи европски економии.

Според поддржувачите на четиридневната таботна недела и најголем дел од оние кои имале прилика да работат четири дена неделно, на овој начин би се зголемила добросостојбата на работниците и би ги направило продуктивни. Се верува дека ова ќе ги охрабри сите кои не сакаат да работат затоа што сметаат дека петдневната работна недела е предолга за да добијат работа. Значи, постои можност за ублажување на проблемот со недостиг на работна сила.

- Advertisement -

Германската комора за трговија и индустрија (DIHK) во декември минатата година објави дека половина од германските компании се борат со пополнување на работните места. Извршниот директор на DIHK, Ахим Деркс, истакна дека илјадниците непополнети работни места минатата година предисвикале загуба од 90 милијарди евра. Тоа е повеќе од 2% од германскиот БДП.

Според истражување на компанијата Forsa, 71% од вработените Германци сакаат да имаат можност да работат четири дена неделно. Повеќе од 3/4 ја поддржуваат одлуката на владата за воведување на четиридевна работна недела, а двајца од тројца работодавци исто така ја поддржуваат таквата одлука.

- Advertisement -

Мнозинството (75%) сметаат дека четиридневната работна недела вила пожелна за вработените, додека 59% сметаат дека е прифатлива за работодавците. Речиси половина од работодавците (46%) сметаат дека тестирањето на четиридневната работна недела е изводливо на работното место, пренесува Euronews.

(SEEBiz.eu)

(фото: Pixa Hive)

Сподели!
- Advertisement -