Нова студија во Австралија која вклучила 3Д модели на тумори одгледани во лабораторија од сопствено ткиво на пациенти може да покаже како тие ќе реагираат на третманите.
Студијата докажале дека испитувањето на органоидните лекови може да предвиди како ќе напредуваат пациентите со напредни форми на рак на црева со прецизност од 83%.
Секој пат кога на пациентот му се дава неефикасен третман, се губат 2-3 месеци на нешто што не дава резултати. Времето на успешното лекување честопати е ограничено, па затоа е клучно да се избере опцијата со најголеми изгледи за упсех и да се избегнат третманите кои е мала веројатноста дека ќе делуваат, велат австралиските истражувачи.
„Нашето откритие укажува на можноста за револуционерна персонализирана медицина и грижа преку подобар избор на лекови“ додаваат истражувачите.
Ова е првата студија која користи туморски органоиди добиени од пациенти за претходно тестирање на ефикасноста на достапните опции за лекување и идентификување на потенцијалните нови терапии. Органоидните тумори се минијатурни 3Д модели на рак кои се со големина на зрно песок. Одгледани во лабораторија, овие модели ги имитираат сите карактеристики на ракот од кој се создадени, вклучувајќи ја и осетливоста на лековите.
Студијата за ова истражување е објавена во списанието Cell Reports Medicine. Станува збор за првата светска студија од овој тип, а е направена под водство на асвтралискиот Институт Волтер и WEHI.
(Bug.hr)
(фото: Flickr)