Првиот пациент ја прими првата експериментална вакцина против рак

- Advertisement -

Маж стар 81 година стана првата личност во светот која прими експериментална вакцина против неизлечив рак на кожа. Вакцината ја разви компанијата Moderna. Како што пренесува британски The Sun, вбризганиот РНК материјал ги имитира маркерите најдени на клетките рак и го поттикнува организмот да се бори против нив. Ова отвора нови можности во борбата против ракот и може да го смени пристапот во лекувањето на оваа болест.

Доктор Дејвид Пињато и неговиот тим при Кралскиот колеџ во Лондон моментално тестираат дали вакцината е доволно безбедна за тригодишно глобално истражување. Се надеваат дека вакцината прво ќе може да лекува рак на бели дробови и на кожа, а потоа ќе може да се прошири и на други тумори, како што е ракот на цревата или ракот на дојка.

- Advertisement -

Доктор Кајл Холен од Modernа изјави дека истражувачите се возбудени поради раните резултати и дека се надеваат оти вакцината ќе го означи почетокот на нова доба во лекувањето на ракот. Професорот Питер Џонсон, директор на NHS за рак, исто така смета дека вакцините против рак може да бидат револуционерни и на тој начин да овозможат поефикасна и помалку токсична терапија.

Секретарката за здравство Викторија Аткинс истакнува дека вакцината има потенцијал да спаси животи и да овозможи револуционерен начин на лекување на страшната болест. Испитувањето ќе трае три години и ќе вклучи пациенти од цел свет, а ќе им даде надеж на илјадници луѓе кои се борат со оваа болест.

- Advertisement -

(CDM)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -