Мате Римац собра 100 милиони евра инвестиции за своите роботакси

- Advertisement -

Project 3 Mobility, компанијата на Мате Римац која развива нов екосистем за урбана мобилност, ја заклучи инвестициската рунда Serijа A, со што го заокружи досегашното финансирање од страна на приватни инвеститори на износ од 100 милиони евра.

Project 3 Mobility во оваа инвестицисдка рунда привлече истакнати глобални компании и инвеститори. Во оваа хрватска компанија инвестираше еден од најголемите инвестициски фондови во светот, Public Investment Fund (PIF) од Саудиска Арабија, на кој ова му е прва инвестиција во Хрватска. PIF во сопственичката структура на Project 3 Mobility влезе преку својата инвестициска компанија TASARU Mobility Investments, која инвестира во паметни и одржливи решенија за мобилност.

- Advertisement -

Претходно во Project 3 Mobility инвестираше и еден од најголемите јужнокорејски производители на автомобили – Kia. Освен тоа, во компанијата инвестираше и најголемата водечак бугарска софтверска компанија SiteGround, хрватската ИТ компанија Infinum, Rimac Grupa и други клучни инвестирори.

„P3 е на почеток и после овој круг ќе следуваат многу повеќе инвестициски кругови за да се овозможи големо производство на нашите роботакси и воведување а сулугата во многу градови ширум светот. Имаме вистински партнери, кои веруваат во нашата долгорочна визија и со нивната поддршка ќе успееме во тоа. Се радуваме на претставувањето на проектот подоцна годинава“ напиша Римац на својот профил на Facebook.

- Advertisement -

Совраните средства ќе бидат искористени за продолжување на развојот на проектот, за изработка ан специјализирана инфраструктура и за зголемување на тимот.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: P2 Mobility)

Сподели!
- Advertisement -