Хрватска со нова иновација – првата мобилна и соларна станица за полнење електрични возила

- Advertisement -

Од Хрватска на светскиот пазар наскоро пристигнува Soltiq, првата мобилна соларна станица за полнење електрични автомобили во светот. На развојот на Soltiq компанијата Ivanić uložila инвестирала милионн евра. Сега почнува со комерцијализација, а веќе примаат нарачки од цела Европа.

Во момент која инфраструктурата за полнење на батериите на електричните автомобили е една од најголемите пречки во развојот на овие возила од Хрватска доаѓаиновација која треба да го реши токму тој проблем.

- Advertisement -

Првиот прототип на Soltiq, кој е автоматизиран и на него има поставени соларни плочи, а во него е вградена батерија и вештачка интелигенција, е завршен и по прв пат и беше претставен на јавноста. Го направи хрватската компанија Bravarija Ivanić, на чие чело е 30-годишниот Томислав Иваниќ. На пазарот Soltiq ќе го пласира ИТ стартапот IDT – Innovation Driven Technology, компанија која Иваниќ ја основаше минатата година.

Платформата за полнење е тешка 1.200 кг, а е голема колку едно паркинг0место и многу едноставно може да се транспортира. Самата реализација од замисла до прототип траела само четири месеци. Томислав Иваниќ вели дека веќе имаат заинтересирани купувачи и преговараат околу продажбата, но уште не откриваат кои компании се заинтересирани.

- Advertisement -

Иваниќ има големи очекувања од оваа иновација. Тој мисли дека пазарот ќе го препознае значењето на овој производ , а во прилог на тоа оди фактот дека последниот месец постојано им се јавуваат странски и домашни купувачи. Затоа планираат дистрибуција и извоз во странство.

Тој додава дека оваа мобилна станица за полнење може да се постави каде било, а битно е единствено да има тврдо тло и доволно сончева светлина. За да ја користите оваа станица прво на веб-страница се прави нарачка. IDT потоа ви ја доставува на наведената адреса. Купувачот мора да симне апликација со помош на која почнува инсталацијата на соларната станица за полнење. Се останато е автоматизирано, односно потребно е само да се следат упатствата во апликацијата.

- Advertisement -

Иваниќ објаснува дека платформата може да се расклопи, па повторно да се склопи. Тоа е битно за да може да се чисти, односно за да се исперат соларните ќелии кои се на нејзиниот кров. Освен тоа, во неа има инсталирана вештачка интелигецнија која им дава упатства на возачот при паркирање.

Моќноста за полнење е 7 kW, додека во батеријата може да се складираат 30 kW енергија. Истовремено на неа може да се полнат еден автомобил, пет електрични велосипеди и еден мобилен телефон.

Иваниќ најави дека планираат да почнат со производство во јули или август годинава, а месечно ќе можат да произведат околу 20 Soltiq станици за полнење.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: Soltiq)

Сподели!
- Advertisement -