Технолошките компании годинава укинаа над 34.000 работни места во обид да се реорганизираат работните ресурси за да инвестираат во нови области како што е вештачката интелигенција.
Microsoft, Snap, Ebay, Paypal од почетокот на јануари досега укинале стотици или дури илјадници позиции. На трендот на отпуштање вработени му се приклучија 138 технолошки компании. Сепак, кога станува збор за големите технолошки групации како Metа, Amazon и Microsoft, од почетокот на 2023 година укинаа бројни работни места после пркумерното вработување во текот на пандемијата.
Во технолошкиот сектор минатата година беа укинати вкупно 263.000 работни места, пшокажуваат податоците на Financial Times. Технолошките компании си ја проценија својата работна сила и заклучија дека кога би имале помали организации со кои би работеле, би можеле да направат многу повеќе, велат од весникот.
Вонредниот професор по менаџмент Данеил Кеум вели дека компаниите повторно проценуваат кои области им се приоритетни за инвестирање и го намалуваат бројот на вработени во скапите оддели, покажува примерот со платформата за видеостриминг на Amazon, Twitch, која годинава укина стотици работни места.
(021)
(фото: Pxhere)