Јапонскиот стартап EX-Fusion во договор со австралиската компанија EOS Space Systems сака да постави моќен ласерски систем во вселенската опсерваторија EOS во близина на Канбера.
Орбитата на Земјата е преполна со вселенски отпад, односно нефункционални објекти кои ги направил човекот, како што се старите сателити и истрошените делови од ракети. Тие фрагменти се голем ризик за оперативните вселенски летала и за Меѓународната вселенска станица.
Јапонскиот стартап EX-Fusion се одлучи за поинаков пристап и развива ласерски систем кој треба да помогне во отстранувањето на вселенскиот отпад од Земјата. Стартапот, притоа, користи свој арсенал од ласерска технологија, првично развиена за потребага по енергија од фузија.
Тие планираат да го постават системот во близина на Канбера, а почената фаза вклучува поставување на ласерска технологија за следење на вселенскиот отпад помал од 10 см. Во втората фаза EX-Fusion и EOS Space ќе користат ласерски зраци од површината на Земјата за отстранување на вселенскиот отпад. Методата вклучува постепено палење на ласерот во спротивен правец од движењето на отпадот за да го забави. Тоа забавување, теоретски, треба да предизвика влек=гување на отпадот во земјината атмосфера, каде што ќе изгори.
(Bug.hr)
(фото: Flickr)