Сенатот на сојузната американска држава Флорида донесе закон со кој на помладите од 16 години им се забранува да имаат профили на одредени социјални мрежи. Законот ќе бара некои од тие мрежи да ја проверуваат возраста на корисниците и забранува отворање профили за помлади од 16 години, но ќе ги отстранува и стие профили за кои се верува дека се на млади луѓе.
Но, законот уште не е стапен на сила. За да се случи тоа мора да го одобри гувернерот Рон Десантис. Со оглед на тоа дека Десантис уште претходно зборуваше за овој закон и истакна дека родителите мора да имаат контрола над своите деца, се верува дека ќе го потпише законот и ќе почне да важи од 1 јули 2024 година.
Она што е интересно кај законот, кој се нарекува HB1 или “Оnline Рrotection for Minors”, е дека поимот “социјални мрежи“ се користи во многу широка смисла. Како пто пишува во законот, социјални мрежи се компании за социјални медиуми кои на кориснциите им овозоможуваат вчитување на содржини и имаат најмаку 10% дневни активни корисници помлади од 16 години, кои во просек поминуваат најмалку 2 часа дневно на тие платофрми. Но, исто така, вклучува и компании кои користат алгоритми за анализа на податоци, имаат опција за испраќање известувања и автоматска репродукција на видеа.
Сличен закон неодамна беше блокиран во американската сојузна држава Охајо затоа што сојузен судија сметаше дека тој закон би бил неуставен.
(CNN)
(фото: Wallpaper Flare)