Со оглед на тоа дека ИКТ секторот со години троши по 10% од вкупната светска електрична енергија, а еден податочен центар може да потроши повече електрична енергија отколку еден град со средна големина, јасно е дека има многу прилики кои може дополнително да се искористат.
Во градот Фалун одлучија да бидат климатски позитивни и договорија греење на дата центри. Поточно, дата центарот EcoDataCenter ја рециклира отпадната топлина која настанува со работата на серверите и други уреди во центаро и се испраќа во системот за греење на градот и така се загреваат зградите. Од друга страна, вишокот пареа која настанува во локалната електрана ќе се користи за ладење на дата центарот во текот на летото.
Со оглед на тоа дека ИКТ секторот троши до 10% од светската електрична енергија, а еден дата центар може да потроши повеќе енергија од град со средна големина, јасно е дека има многу прилики кои можат дополнително да се искористат.
„Мора да го смениме начинот на размислување при дизајнирањето на дата центрите имајќи ја на ум нивната одржливост и енергетската ефикасност. Но, треба да се инвестираат заеднички напори за енергетската ефикасност да биде делотворна, па затоа овој дата центар е дел од единствен енергетски екосистем. Така, вишокот топлински отпад од низок степен го испраќаме на соседната локална фабрика а производство на биогориво и пелети. Нашата топлина се складира во нивниот објект и се користи во работата во поладните месеци во текот на годината. Со тоа се користат помалку фосилни горива при производството на пелети за греење“ велат од EcoDataCenter.
Дата центарот во Фалун досега е најефикасен и најнапреден објект на EcoDataCenter.
(Zimo)
(фото: Flickr)