Научници докажаа дека има биолошка причина зошто машкиот и женскиот мозок функционираат поинаку

- Advertisement -

Академската јавност долго време го застапува тврдењето дека разликите меѓу половите се социјално условени, а не биолошки, но едно најново истражување докажува дека на мозокот може да се види дека полот одредува како ќе мислиме и како ќе се однесуваме.

Досега никогаш не постоеше цврст доказ за разликите во активностите во мозокот на мажите и жените, но Универзитетот Стенфорд сега докажа дека е можно да се разликуваат половите на основа на активностите во деловите од мозокот т.н. врели точки. Тие вклучуваат мрежа од подразумски режим, дел од мозокот за кој се смета дека е невролошки центар на „себе“ и битно е за инстроспекцијата и анализирањето на личните сеќавања.

- Advertisement -

Тука е вмешан и лимбичкиот систем, кој помага во регулирањето на емоциите, памтењето и сексуалната стимулација, како и стриатумот, кој е битен за создавањето навики и наградувањето. Експертите велат дека мозокот може да влијае на тоа како мажите и жените се гледаат себеси, како комуницираат со другите луѓе и како се сеќаваат на минатите искуства.

„Ова е многу цврст доказ дека полот е цврста детерминанта на организацијата на човечкиот мозок. Нашите наоди укажуваат на тоа дека разликите во шемите на мозочната активност во овие клучни региони може да придонесат за полово специфични варијации во конгитивното функцинирање“ вели д-р Винод Менон, професор по психијатрија и бихејвиорална наука на Универзитетот Стенфорд.

- Advertisement -

Меѓутоа, тој додава дека се потребни понатамошни истражувања за целосно да се разберат импликациите на овие наоди.

Добро е познато дека машките и женските хромозоми ослободуваат хормони специфични за полот, посебно во раниот развој, пубертетот и во текот на стареењето. Исто така, постојат значајни разлики во однесувањето на жените и мажите во реалниот свет. Жените, вообичаено, се подобри во разбирањето на она што го читаат и во способноста за пишување, а имаат и подолгорочно памтење. Наспрема тоа, изгледа дека мажите имаат подобра визуелан и просторна свест и подобра работна меморија.

- Advertisement -

Сепак, научнциите долго време настојуваа да ги воочат разликите во невронската активност, со оглед ан тоа дека структурата на мозокот е иста и кај мажите и кај жените. За ова ново истражување научнциите користеле т.н. објаснувачка вештачка интелигенција, односно еден вид на компјутерско учење кое може да помине низ огромни количини податоци за да објасни зошто се случува некој ефект.

Во тој модел на вештачка интелигенција внесувале снимки од мозок и назначувале дали гледа машки или женски мозок. Со тек ан време невронската мрежа почнала да издвојува суптилни разлики меѓу двата пола кои не ги забележале луѓето. Кога истражувачите потоа го тестирале моделот на околу ‌1.500 други снимки од скениран мозок, моделот можел да препознае дали е машки или женски со 90% прецизност.

Истражувачите сметаат дека овој модел на вештачка интелигенција може да осдговори и на други битни прашања за поврзувањето на мозокот, когнитивните способности или однесувањето и тие резултати да ги направи јавно достапни за сите истражувачи.

(021)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -