Во склоп на маркетинг агенцијата „Ефектива“ се отвора студио за илустрации, како следен чекор во нивната постојана еволуција како креативни пионери. Со повеќе од 12 години искуство во визуелната комуникација и иновативни проекти и кампањи, Ефектива продолжува да креира успешни проекти во областа на маркетингот. Маркетинг агенцијата се истакнува по својата креативност и уникатниот пристап во кој инкорпорира и уметност.
„Одлуката за отворање на студио за илустрации е природна еволуција во нашата мисија да понудиме на пазарот илустрација која е една од основните елементи за квалитетна визуелна комуникација”, потенцира Софија Семенпеева Трајановска, директор на Ефектива.
Квалитетната маркетинг стратегија и визуелната комуникација се столб за успешно реализирање проекти, нагласуваат оттаму.
„Сега, нашата главна фокусна точка е регрутирањето на нови млади таленти кои ќе добијат врвна едукација и шанса за развој. Овој ангажман е од суштинско значење за нас, бидејќи веруваме во инвестирањето во следното поколение на креативци и професионалци. Ние ги гледаме овие нови таленти како инвестиција во нашата иднина и сме предани да им ги обезбедиме потребните алатки и ресурси за нивниот успешен развој и напредок“, истакнува Семенпеева Трајановска.
Маркетинг агенцијата Ефектива ги отвори вратите и за меѓународни проекти, за што се особено горди. Оваа нова етапа од нивната работа не само што отвора врати кон глобалната сцена, туку и им обезбедува можност да ги применат нивните креативни вештини и идеи на различни пазари и култури. Тие се чувствуваат привилегирани бидејќи имаат можност да соработуваат со клиенти од различни делови на светот и да создаваат заеднички успеси.
Од особена важност е квалитетната визуелна комуникација бидејќи преку неа се развива визуелната култура. Најважно е да се охрабрат компаниите и да ја разберат важноста од квалитетна визуелна комуникација, сметаат од Ефектива.
Со многубројни креативни проекти во своето портфолио, Ефектива се разликува по своите иновативни пристапи и смели проекти. Студиото за илустрација ќе ја надополни палетата на услуги по кои се издвојуваат на пазарот.