Научници сакаат да постават соларни панели во нашите очи

- Advertisement -

Неуропростетиката или уредите дизајнирани за интеракција со нервниот систем за враќање на изгубена функционалност е поле на истражување во развој, кое има потенцијал значително да го подобри квалитетот на живот.

Еден од најпознатите примери е кохлеарниот имплант, кој звукот го претвора во електрични сигнали кои директно го стимулираат слушниот нерв кај луѓето со голема загуба на слухот.

- Advertisement -

Но, дали може истото да се направи за човечкото око за да се врати видот кај луѓето со оштетени фоторецептори? Група научници од целиот свет, меѓу кои инженери, неуронаучнции, клиничари и други експерти за биотехнологија, веруваат дека може да се направи тоа.

Истражувачот Удо Ромер од австралискиот Универзитет на Нов Јужен Велс, специјалзииран за фотонапонска технологија, е во рана фаза од истражувањето на како соларната технологија може да се искористи за претворање на светлината која влегува во окото во електрична енергија, заобиколувајќи ги оштетените фоторецептори за пренос на визуелните информации во мозокот.

- Advertisement -

Идејата на Ромер е да има мала соларна плоча прицврстена на очното јаболко, која ја претвора светлината во електричен импулс кој мозокот го користи за создавање на видното поле. Плочата би се напојувала природно сама и би била преносна, со што би се отстранила потребата за ставање кабли и жици во окото.

„За да ги стимулирате невроните потребен е поголем напон од тој што се добива од една соларна ќелија. Ако замислите дека фоторецепторите се пиксели, тогаш навистина се потребни три соларни ќелии за да создадеме доволно напон за испраќање во мозокот“ вели Ромер.

- Advertisement -

Тој додава дека успешно поставиле две соларни ќелии една врз друга во лабораторија на голема површина, околу 1 cm2 , што дало добри резултати. Следниот чекор би бил нивно претворање во мали пиксели потребни за видот и гравирање на отвор за нивно одвојување.

Д-р Ромер предвидува дека до моментот кога оваа технологија ќе се тестира на луѓе, после опсежно тестирање во лабораторија и на животни, уредот ќе биде голем околу квадратни милиметри со пиксели големи околу 50 микрометри.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -