Научници предлагаат поставување четврто светло на семафорите

- Advertisement -

Али Хајбабаие, професор по цивилен, градежен и еколошки инженеринг при Државниот универзитетт на Северна Каролина, и неговите колеги од универзитетот со помош на компјутерско моделирање дошле до заклучок дека со воведување на четврто светло на семафорите значително ќе се подобри проодноста на крстосниците за пешаците и за автомобилите, особено кога ќе се вклучат во промет автномните возила.

Концептот на т.н. бела фаза ја користи спосбноста на автономните возила безжично да комуницираат меѓусебно и со компјутерите кои ги контролираат сообраќајните сигнали. Кога доволно автономни возила ќе се приближат до крстосница, тоа би го активирало новиот семафор, односно белото светло.

- Advertisement -

Додека црвеното светло значи да се сопре, а зеленото да се движи, белото светло на луѓето возачи ќе им каже едноставно да го следат автомобилот пред себе. Накратко, белото светло е сигнал дека автономните автомобили го координираат своето движење за да се олесни движењето на крстосниците.

„Нашето претходно истражување покажа дека колку повеќе автономни автомобили ќе има по патиштата, толку ќе биде поефикасен сообраќајот. Да бидеме јасни, ова го подобрува времето на патување, потрошуѕвачката на гориво и безбедноста за сите автомобили на патиштата, не само автономните“ вели Хајбабаие.

- Advertisement -

За да го земат предвид и сообраќајот на пешаци, тие вклучиле и низа нови параметри во моделот за оптимизација, кој го проценил влијанието на пешачкиот сообраќај врз сообраќајот на крстосниците. Откриле дека кога ќе се додадат пешаците во таа мешавина, концептот на белата фаза уште повече ја подобрува ефикасноста на сообраќајот за сите учесници.

Истражувачите се свесни дека оваа нова сообраќајна технологија нема да биде усвоена во блиска иднина, но веќе преземаат чекори за да се осигураат дека идните пилот проекти ќе бидат сигурни и поефикасни. Моментално поставуваат физичка тест платформа за да можат да експериентираат со овој концепт во физички свет кој се состои од мали модели на автомобили. Тоа ќе им помогне да ги идентификуваат предизвиците во имплементацијата без трошоци и безбедносните ризици кои се поврзани со користењето возила со целосен опсег.

- Advertisement -

Студијата за белата фаза можете да ја прочитате во списанието Computer-Aided Civil and Infrastructure Engineering

(Vidi.hr)

(фото: Raw Pxiel)

Сподели!
- Advertisement -