Во потрага по супертврда молекула на јаглерод која ја надминува цврстината на дијамантот нови симулации даваат ветувачки резултати за реализација на таа амбиција. Имено, физичари од САД и од Шведска употребиле напредна симулација за да го истражат однесувањето на дијамантите во екстремни услови, навестувајќи потенцијално формирае на уште поцврста материја – кубична фаза од осум атоми во центарот на телото (BC8).
Фазата BC8, позната по својата исклучителна цврстина, е забележана кај силициум и германиум, а дава увид во потенцијалната манифестација кај јаглеродот. Така, се теоретизира дека BC8 на јаглеродот постои во средини со многу висок притисок, како што се егзопланетите, а неговата синтетизација на Земјата досега е предизвик.
Структурата BC8 го одржува својот совршен тетраедарски облик, но без рамнините на делење кои ги има во структурата на дијамантите, објаснува физичарот Рон Егерт. Напорите да се синтетизира BC8 на јаглерод биле неуспешни, но неодамнешни симулации на суперкомпјутерот Frontier откриле клучни нови увиди. Така, физичарите предвиделе дека постдијамантската фаза BC8 ќе биде експериментално достапна само во поле со висок притисок и висока температура на фазниот дијаграм на јаглерод, појаснува физичарот Иван Олиеник.
Ова откритие фрла светло на точните услови потребни за синтеза на BC8 на јаглерод и даваат надеж за идно успешно синтетизирање. Научниците моментално прават експерименти инспирани од теоријата за да ги потврдат предвидувањата во лабораторијата National Ignition Facility во САД.
Целосната студоја е објавена во списанието The Journal of Physical Chemistry Letters.
(Science Alert)
(фото: Flickr)