Мате Римац отвори погон во Велика Британија – ќе вработи 70 луѓе

- Advertisement -

Хрватската компанија за складирање енергија на Мате Римац, Rimac Energy отвори свој погон во Обединетото Кралство, кој ќе претставува центар за технолошки иновации.

Rimac Energy е бренд на компанијата Rimac Technology, коај е во сопственост на групацијата Rimac и пионер во развојот на напредни батериски системи за складирање енергија. Специјализиран е за развој, проектирање и производство на стационарни системи за складирање енергија во Европа.

- Advertisement -

Фабриката во Витни, во регионот Оксфордшир, ќе ја произведува новата генерација батерии и ќе отвори повеќе од 70 висококвалификувани работни места за инженери,техничари и истражувачи од технолопката индустрија на Велика Британија, соопштија од Rimac Energy.

Новиот објект се простира на 1.850 квадратни метри, а како што се наведува, претставува последен збор на технологијата и ја истакнува посветеноста на на глобалниот пазар за чиста енергија и сробаотката меѓу тимовите во Хрватска и Велика Британија.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Rimac Energy)

Сподели!
- Advertisement -