Што мислите: која е најскапата материја во светот? Златото или дијамантите? Можеби белиот тартуф или кавијарот? Не е ниту една од нив.Всушност, најскапата материја во светот е прав кој се вика ендоедарски фулерени на база на атоми на азот и чини 140 милиони долари по грам.
Научници од компанијата Designer Carbon Materials од Оксфорд во 2015 година развија нов материјал кој може да се користи за изработка на неверојатно прецизни атомски часовници, ккои може да бидат многу големи. Имено, типичните атомски часовници се големи колку една соба. Тие се дел од GPS системите, а можноста за изработка на минијатурни часовници би ги подобрила не само насоките за движење, туку и можностите на автомобилите без возачи бидејќи прецизноста на вградените атомски часовници може да им помогне на GPS системите да ја следат локацијата на автомобилите дури и таму каде што е слаб GPS сигналот, како што се тунелите.
Во суштина, материјалот е минијатурен кафез на атоми на јаглерод со атоми на азот во внатрешнсота, а компанијата смета дека во иднина сите наши паметни телефони би можеле да содржат мини атомски часовници. По прв пат откриени во 1985 година, ендоедарските фулерени настануваат со затворање на атоми во кафез од 60 атоми на јаглерод.
Во тие кафези атомите на јаглерод се подредени на сличен начин како врвови на фудбалска топка, од каде што доаѓа и нвниот назив „bucky balls“. Овие затворени молекули имаат значително подобри фисички и електронски својства во споредба со нормалните.
Ни истражувањето на овој најскап материјал на Земјата не било евтино. Имено, во 2013 година Универзитетот Оксфорд со двајца партнери добил 1,5 милиони фунти истражувачка поддршка за развој на производни методи за зголемување на производството на ендоедарски фулерени до ниво на грамови.
(N1)
(фото: )