Индонезија одреди посебен статус за главниот град Џакарта, задржувајќи ја метрополата како економски центар на државата, додека се планира преселување на престолнината на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од препотповарената Џакарта, која тоне, во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари, а се гради во џунглите на источен Калимантано на Борнео.
Индонезиската влада веќе инвестираше големи средства во изградбата на инфраструктурата за новиот град, вклучувајќи брани и патишта. До јули 2025 година планирано е да изгради 12 од 47 станбени блокови, еден месец пред првата церемонија за Денот на независноста во новата престолнина.
Се очекува дека новиот град ќе биде целосно изграден до 2045 година, а трошоците за проектот се проценуваат на 32 милијарди долари. Оваа одлука е занчаен ќекор напред кон решавање на проблемите поврзани со иднината на Џакарта како главен град, со оглед ма тоа што се повеќе делови од градот се под нивото на морето.
Новата престолнина ќе биде оддалечена околу 2.000 км од старата. 2/5 од Џакарта, која има 10 милиони жители, се под нивото на морето и продолжуваат да тонат. За масовното избивање на подземни води експертите го обвинуваат невнимателното однесување на домаќинствата, деловните згради, трговските центри и апартманите.
(Bizlife)
(фото: Pexels)