Германскиот производел на автомобили BMW почна да гради нова фабрика за батерии за електрични возила во Германија, потврди портпарол на компанијата. Фабриката во баварските градови Ирибах и Штраскирхен треба да произведува до 600.000 високонапонски батерии годишно и ќе вработува околу 1.600 работници.
Локалната управа ги издаде градежните дозволи минатата недела, и поркај приговорите за губење на вредно земјоделско земјхите во корист на фабриката. На референдум одржан минатата есен најголем дел од граѓаните ја поддржаа изградбата на фабриката во Штраскирхен.
BMW избираше меѓу 20 можни локации, а изборот на Ирибах и Штраскирхен значи помала оддалеченост од погоните на компанијата во Баварија, во ккои батериите ќе се вградуваат во електрични возила.
(Zimo)
(фото: Needpix)