Американските вселенски сили развиваат вселенско летало кое ќе го продолжи векот на сателитите

- Advertisement -

Според моменталните податоци, околу Земјата орбитираат 9.707 сателити, а многу од нив честопати завршуваат како вселенски отпад откако ќе го потрошат своето гориво,што значи дека стануваат еден вид на исфрлен вселенски алат, иако се во добра состојба.

За да го решат овој предизвик, Американските вселенски сили издвоија 25,5 милиони долари за компанијата Astroscale U.S. во склоп на поширока иницијатива, чија цек е одржување на оперативните можности на владините сателити откако ќе го потрошат горивото.

- Advertisement -

Станува збор за вселенско летало кое Astroscale U.S. ќе го направи до 2026 година, а во план е да се конструира Astroscale Prototype Servicer for Refueling, познат како APS-R, кој е спремен за лансирање.

„Дополнувањето гориво во лет целосно го смени траењето и оддалеченоста на мисиите со авиони. Вселенската индустрија е на прагот на слична технолошка револуција кога станува збор за горивото и одушевени сме што SSC ја избра Astroscale за развој на леталото APS-R за да се транспортира гориво до свое летало. Оваа иновација за опслужување во орбитата на крајот ќе го прошири досегот и мобилноста на сателитите во орбитата, што ќе овозможи USSF да направи повеќе со своите оперативни средства“ изјавија од Astroscale.

- Advertisement -

Оттаму додаваат дека APS-R ги отвора вратите за повторно анализирање на начинот на кој сателитите се дизајнирани и управувани и осначува значаен чекор напред во способностите и одржливоста на сателитите во орбитата.

APS-R ќе носи и ќе пренесува хидразин на вселенските летала, со што ќе се елиминира потребата клиентите да навигираат до складиштата за гориво, а со тоа ќе биде осигурано непрекинато работење. Дизајниран според стандардната величина на сателитите од класата ESPA, APS-R е сличен на бензинска пумпа и е наменет за повеќекратни мисиина дополнување гориво во геостационарната орбита (GEO).

- Advertisement -

„ASR-R не се занимава со продолжување на животот на сателитите, туку станува збор за проширување на можностите на она што можеме да го постигнеме во вселената. Astroscale се гордее со тоа што е на чело на овој транформативен потфат и што ја покренува вселенската индустрија во нова ера на иновации и истражувања“ велат од компанијата.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -