Небесниот танц на две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резулитра со толку силна експлозија што со денови ќе може да се види со голо око, велат астрономи од Универзитетот Нотингем Трент.
Експлозијата во системот T Coronae Borealis, која се случува еднаш во животот, ќе изгледа како нова ѕвезда која силно сјае на ноќното небо пред да избледи и да исчезне на наредните 80 години. Професорот Даниел Браун објаснува дека тој небесен настан се нарекува „нова“, кога блескањето на ѕвездите забрзано се зголемува.
Според него, не е толку лесно да се предвиди коха ќе следува тој настан, но смета дека би можело да се случи кога било до септември.
„Не чека вистинско уживање, ќе видиме т.н. нова ѕвезда на небото. Она што го прави тој пар посебен е фактот дека одвреме-навреме многу се засилува светлината и станува лесно видлива“ вели Браун и додава дека T Coronae Borealis не е само една ѕвезда, туку станува збор за две ѕвезди кои кружат една околу друга.
Помасивна ѕвезда во тој пар е едно бело џуџе, кое е големо колку нашата Земја и може да има иста маса како нашето Сонце, вели Браун. Сопатник во тој пар е остарен црвен џин кој се шири и својот материјал го остава на белото џуџе.
„Отприлика секои 80 години белото џуџе собира доволно материјал за да се запали во термонуклеарна експлозија и силно ја зголемува својата светлина. Сега е време за уште една таква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11. маг, што е едвај видливо со телескоп на темното небо, се зголемила на 2 маг, што е споредливо со ѕвездите во системот Плуга и може да се види со голо око дури и на загадено небо.
Астрономите објаснуваат дека ваквите „нова“ во суштина се како водородни бомби.
(021)
(фото: Picryl)