Научници открија мистериозни зомби неврони

- Advertisement -

Научници кои ги истражуваа процесите на учење кај глувци наидоа на изненадувачко откритие на зомби-неврони во мозокот. Овие клетки имаат необично однесување затоа што прсетануваат да комуницираат функционално иако се живи. Тоа откритие фрла ново светло на механизмите за учење на мозокот.

Тимот научници од Португалија дојдоа до ова открите истражувајќи како малиот мозок ги асимилира информациите од нашата околина. Тој дел од мозокот е клучен за обработка на сензорските податоци поврзани со моториката и на пример, им помага на луѓето да вршат едноставни активности – од преминување улица до сигурно фаќање на некој предмет. Разбирањето на начинот на кој работи малиот мозок е долгогодишна загатка во неуронауката.

- Advertisement -

Користејќи оптогенетика, односно техника која манипулира со клетките со светлина, заедно со задачи за учење кои ги правеле со глувци, научниците ја истакнаа клучната улога на специфични инпути на малиот мозок познати како влакна за качување.

Откако постојано ги ситмулирале влакната за качување при претставувањето визуелни знаци, глувците научиле да трепкаат како одговор на тој знали, дури и во отсуство на стимулација, велат научниците.

- Advertisement -

Експериментот на португалските научници даде уверливи докази дека наведените влакна за качување се дел од асоцијативното учење во малиот мозок. Воведувањето протеини осетливи на светлина, шанелродопсин-2, преку отогенетска манипулација неочевуано резултирало со сомбификација на клетки во тие влакна. Додека уште биле активни, тие неврони не успеале ефикасно да пренесуваат пораки, со што ја попречувале способноста на учење на глувците.

Се покажало дека воведувањето на ChR2 во влакната за качување ги сменило нивните природни својства, со што ги спречиле соодветно да реагираат на станардните надразнувања како што е испуштање воздух. Резултатите од студијата се објавени во списанието Nature Neruoscience и даваат подлабинско разбирање на процесот на церебралното учење. Со оглед на сличностите меѓу мозокот на глувците и луѓето, тие нови наулчни увиди веројатно се прошируваат и на човечките конгитивни механизми.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: stocksnap.io)

Сподели!
- Advertisement -