Само една доза од овој револуционерен антибиотик убива супербактерии

- Advertisement -

Нова студија на шведски научници е битен чекор напред во борбата против бактериската резистенција на антибиотици. Во борбата против бактериските инфекции отпорни на антибиотици научници од УниверзитетотУпсала во Шведска претставија револуционерен лек. Тој иновативен лек, иако засега е тестиран само на глувци, може да биде битно оружје во борбата со батериите отпорни на антибиотици.

За разлика од грам-позитивните бактерии, грам-негативните врсти како ешерихија коли и клебсила пнеумонае се уникатен предизвик поради својата дупла мембрана. Поради таа надворешна бариера, богата со липосахариди, традиционалните антибиотици се неефикасни.

- Advertisement -

Со години научниците се обидуваат да ја пробијат таа липидна мембрана, но научниот тим од Шведска сега зазеде поинаков пристапи го таргетира ензимот LpxH, кој е клучен за синтезата на липополисахариди. Нивните тестирања на глувци заразени зо бактерии отпорни на лекови покажале извонредни резултати. Со примена на соединенија дизајнирани да го инхибираат тој ензим ефикасно биле излечени инфекции на крвотокот за само четири часа и тоа со само една доза.

При таа инфекција бактериите се прошириле во крвотокот на глувците, објаснуваат шведските научници во стуидјата објавена во списанието PNAS. а да дојдат до тоа достигнување го прочистувале соединението JEDI-1444. Иако ефикасно, се соочило со предизвици во однос на стабилноста и топењето. Сепак, после модификациите, две варијанти, EBL-3599 и EBL-3647, покажале силно антимикробно дејство против широк спектар на бактерии, без оглед на генотипот на отпорност.

- Advertisement -

Ова откритие е битно затоа што бактериите како ешерихија коли развиваат отпорност на постоечките антибиотици. Всушност, инфекциите отпорни на антибиотици се рангирани како третаа водечка причима за смрт во 2019 година, со проекција од 10 милиони смртни слуачи годишно до 2050 година.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -