За 60 дена лежење може да заработите 18.000 евра

- Advertisement -

Подготвувајќи се за можна мисија на Месечината или на Марс, истражувачи сакаат од поблиску да истражат како реагира телото на 60 дена строг одмор во кревет. Така, германскиот воздухопловен центар DLR бара доброволци за учество во студија во Келн, а за тоа нуди 18.000 евра.

Како земјини астронаути испитаниците треба да симулираат долго патување во бестежинска состојба до некое друго небесно тело така што 60 дена ќе лежат во кревет со спуштен потпирач.

- Advertisement -

Истражувачите сакаат да истражат кои методи може да се користат за да се избегнат последиците од бестежинската состојба од кои се плашат астронаутите, како што сњ вртоглавицата и пореметувањето на координацијата.

Како доброволци може да се пријават лица на возраст од 24 до 55 години кои се високи од 1,53 до 1,90 метри и имаат индекс на телесна маса од 18 до 30. Како што велат од DLR, земјините астронаути треба да симулираат долго патување во бестежинска состојба до друга планета лежејќи во кревет 60 дена.

- Advertisement -

Според DLR, креветите на учесниците ќе бидат наведнати за 6степени, така што главите да им се пониско од стапалата. Со таков агол на поставеност на главата течностите во телото се движат на ист начин како кај астронаутите во вселената, велат од воздухопловниот центар.

Последиците од таквата положба на телото се зголемен притисок во главата, физичката неактивност предизвикува пукање на мускулите и коските, нарушено е чувството за рамнотежа и се менува кардиоваскуларниот систем.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -