тартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, со вкупен буџет од 14 милиони евра за инвестиции, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Финансиската поддршка е кофинасирање на инвестицијата до 50 отсто од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката може да достигне и до 60 проценти кофинасирање кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.
-Како приоритетни сектори во рамки на мерката 3 се: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи компири и мешункасти култури); Житарки, мелнички производи и скроб; Растителни и животински масти и масла; Шира, вино, други ферментирани пијалаци, жестоки алкохолни пијалаци и оцет; Риба и рибни производи; Сточна храна и од фуражни култури; Други производи произведени врз основа на производите опфатени со Анекс I од Договорот; Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, наведува МЗШВ.
Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50 000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра по корисник.
-Како корисници кај мерката 3 се јавуваат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РСМ, како правни лица, согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за микро, мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ, задруги регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги директно поврзани со земјоделски активности, како и здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот, истакнува МЗШВ.
МЗШВ ги повикува сите заинтересирани апликанти навремено да се информираат за повикот и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.