Кина дневно испорачува по 108 товарни авиони облека

- Advertisement -

Според податоците кои ги собра Cargo Facts Consulting, компанијата Temu испорачува околу 4.000 тони облека дневно, Shein 5.000 тони, Alibaba.com 1.000 тони и TikTok 800 тони. Тоа отприлика е капацитетот на 108 товарни авиони „боинг 777“ дневно, велат од консултатнската куќа.

Shein, Temu и TikTok Shop изминатите неколку години продаваат облека и во САД, а најголем дел од производите ги испорачуваатсо авиони директно од фабриките во Кина. За популароста на нивната облека сведочи и извештајот на американскиот Конгрес, каде што се наведува дека Shein и Temu заедно во САД доставуваат 600.000 пакети дневно.

- Advertisement -

Таа популарност ги зголемвуа трошоците на воздушниот превоз од азиските центри како што се Гуангжу и Хонгконг, а сезоната на купување трае речиси цела година, па превозниците повеќе не можат да ја покријат потрошувачката со својот капацитет.

Брзата мода денес сочинува половина од кинеската прекугранична испорака во онлајн продавниците и зазема речиси 1/3 од капацитетот на товарнтие авиони на големи растојанија, велат од специјализираната советодавна компанија Baixiao.

- Advertisement -

Подемот на Shein и Temu го намалува просторот во товарните авиони за други компании, токму во период кога се трага по алтернативни логистички решенија поради пореметувањата во Црвеното Море.

Побарувачката на синџирите за брза мода за воздушен превоз нагло пораснала во втората половина од минатата година. Дури и големите технолошки компании како Apple дневно превезуваат најмногу 1.000 тони производи, а побарувачката на модната индустрија истиснува други клиенти.

- Advertisement -

Зголемената побарувачка натерала некои од превозниците да воведат дополнителни чартер линии. Неочекуваниот скок на побарувачката за воздушен превоз за модната индустрија од минатата година ги подигнал и цените на воздушниот превоз од Кина и поттикнал страв од недостиг на кашацитет на подолг рок.

Според анализите, и Shein и Temu сега се вртат кон поморскиот транспорт поради високите трошоци на воздушниот транспорт, а размислуваат и за отворање на складишта надвор од Кина за да го скратат времето за превоз.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -