Кога го претставија својот Meta AI четбот со вештачка интелигенција, кој може да одговара на прашања, да пишува поезија и да генерира слики врз основа ја текстуални податоци, од Meta рекоа дека сакаат да го интегрираат и во сите свои производи. Откако го вградија во Facebook Messenger и WhatsApp, сега е ред на Instagram, каде што ќе биде интегриран за корисниците да можат да добиваат инфрмации, да разговараат со четботот, да бараат да им креира различни работи, а сето тоа без потреба да излезат од апликацијата.
Тоа значи дека во Instagram aапликацијата во делот со директни пораки ќе се појави иконата Meta Ai, со која може да се стартува четботот и потоа да го прашате што сакате. Меѓу другото, четботот може да ви помогне со прадлагање наслови и текстови за фотографии или видеа кои ги објавувате, но и да креира фотографии кои сакате да им ги покажете на своите следбеници.
Во секој случај, платформите за комуникација кои ги користиме повеќе нема да бидат исти, а за очекување е дека многу инфлуенсери на почеток ќе претеруваат со тоа,како што беше случај со мемињата и налепниците кои овозможија на фотографиите на пријатели да ставаме очила, музтаќи, шешири итн.
(Vidi.hr)
(фото: Negative Space)