Уште една американска држава им дозволи на учителите да носат пиштол на работа

- Advertisement -

Законодавците на американската држава Тенеси усвоија закон кон на учителите во таа држава им дозволува да носат скриен пиштол на училиште. Предлог-законот беше одобрен со 68 гласови за и 28 гласови против во Претставничкиот дом на Тенеси, каде што доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот на почетокот на овој месец.

Тенеси имаше жестока расправа за законите за орушје откако во престрелка минатата година во училиште во Нешвил беа убиени три деца и тројца вработени. Републиканците и другите конзервативци често бараа учителите да се наоружаат како одговор на бројните престрелки во училишта кои се случија во САД во изминатите 25 години.

- Advertisement -

Заговорниците за овие мерки тврдат дека наоружаните учители ќе ги одвратат потенцијалните напаѓачи во училиштата. Противниците на законот велат дека оружјето во училиштата веројатно само ќе доведе до трагични случајни пукања.

Речиси половина од сите држави во САД им дозволуваат на учителите или други вработени во училиштата да носат огнено оружје во просториите на училиштето. Според законот од Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол во училиште мора да заврши најмалку 40 часа обука во полиција. Трошоците за обуката, заедно со огненото оружје ги сноси секој поединец.

- Advertisement -

Идентитетот на учителите идругите вработени кои носат огнено оружје нема да биде јавно објавен, се вели во законот. Директорите на училиштата, исто така, мора да дадат одобрение некој да носи оружје, а локалната полиција мора да биде известена кои лица ќе носат оружје на училиште.

(021)

- Advertisement -

(фото: Good Fon)

Сподели!
- Advertisement -