Ново истражување на јужнокорејски научници постигна голем напредок во технологијата за синтеза на дијаманти, ветувајќи брзи и лесни производни методи со далекусежна примена.
Научниците осмислија нова техника за производство на синтетички дијаманти за само два и пол часа, процес кој во природата вообичаено трае милијарди години. Под водство на научници од Институтот за основни науки во Јужна Кореја, тој иновативен пристап користи мешавина од течни метали за создавање дијаманти при атмосферски притисок и умерени температури.
Традиционалните методи за синтеза на дијаманти вклучуваат висок притисок и траат многу подолго, но новата техника создава дијаманти за само 150 минути на околу 1025°C во стандардни атмосферски услови. Процесот вклучува потопување на јаглерод во мешавина од течни метали, вклучувајќи галиум, железо, никел и силициум, кои делуваат како микроби за раст на дијамантите.
Студијата за ова откритие е објавена во списанието Nature. Користејќи вакуум систем направен по нарачка и прецизни механизми на греење и ладење, атомите на јаглерод од метанот се шират во течните метали, поттикнувајќи создавање на кристали на дијаманти. За неколку минути се појавуваат мали фрагменти од дијаманти, додека после неколку часа изложување се јавува континуиран дијамантски слој.
Иако концентрацијата на јаглерод се намалува на подлабоки нивоа, научниците предвидуваат подобрување со прилагодување на процесот на производство. Иако се потребни дополнителни истражувања и измени, потенцијалните ефекти на ова откритие се значајни. Ако се оптимизира, таа техника може да донесе револуција во производството на синтетички дијаманти.
(Science Alert)
(фото: Flickr)