ФОРТОНМКА е партнер на Cushman & Wakefield – најголемата приватна консултантска компанија во секторот на недвижности која не само што ѝ овозможува на компанијата соодветно да се носи со барањата и очекувањата на клиентите во над 60 земји, туку [BA1] обезбедува и практично меѓународно искуство, што претставува додадена вредност на развојот на проектните активности на клиентите.
ФОРТОНМКА нуди сеопфатни решенија во сферата на комерцијални недвижности.
Нашиот тим на консултанти им помага на клиентите во секоја фаза – застапувајќи ги во процесот на продавање, купување, финансирање, изнајмување, управување и проценување на имотот.
Нашиот тим е стручен и соодветно обучен во областа на стратешко планирање и истражување, анализа на портфолио на недвижен имот, избор на локација и планирање простор, а сето тоа приспособено и персонализирано согласно специфичните потреби на секој случај на кој работиме.
Водени од потребата да се обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности ќе имаат можност да се сретнат и да разменат знаење и искуства, ФОРТОНМКА ја иницираше првата Конференција за недвижности во 2023 година во Скопје.
300 посетители и 40 говорници се бројки кои говорат за големината на настанот на кој се слушнаа различни мислења од сите области на индустријата кои го рефлектираат времето во кое живееме, како и предизвиците, оптимизмот или пак очекувањата кои се пред нас.
Публиката, како и говорниците, беа етаблирани експерти во своето поле на работа – повеќето со над 20 години искуство, сопственици на компании, менаџери, основачи на индустријата за комерцијален недвижен имот не само од Македонија, туку и од регионот.
Поттикнати од успехот, ја најавуваме втората Конференција за недвижности на 22ри мај во Скопје – DoubleTree by Hilton Skopje! Зошто силно веруваме во моќта на соработката и во најважната движечка сила на индустријата за комерцијален недвижен имот, а тоа се луѓето.
Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработки, а средбата лице во лице е секогаш најдобра основа за идна комуникација. Настаните од ваков карактер се одлична можност да се покажете кои сте, да видите и запознаете “кој е кој” и често на среден и долг рок се одличен начин за економски придобивки.
Во оваа насока, повторно на иста сцена ќе седнат сопственици, претставници на најголемите компании учесници во создавањето на пазарот на недвижности од земјaта и регионот да разговараат за истите проблеми и да се најде начинот на нивно решавање.
Агенда на панел дискусии:
- Финансирање на инвестициите во комерцијалeн недвижен имот.
Како финансиските институции реагираат на економската несигурност?
Како банките ја проценуваат профитабилноста на инвестициите во комерцијални недвижности и важноста на финансиските модели. Пристап до алтернативно финансирање.
2. Урбанизација и урбанистичко планирање.
Градско урбанистичко планирање низ извонредни пример. Како комерцијалните недвижности го обликуваат пејзажот на градот?
POWERED BY: ГРАНД СКОПЈЕ
3. Инвестиции во хотелски капацитети.
Зошто инвеститорите имаат делумно разбирање и прифаќање на хотелскиот сектор како можност за инвестирање на капиталот?
Подобро да ги разбереме можностите за инвестиции во хотелски капацитети како комерцијален недвижен имот.
4. Бизнис згради.
Не само работно место, туку бизнис модел. Развивање на бизнис зградите како имоти со стабилни приходи.
5. Сектор малопродажба.
Изградба на различни формати за малопродажба со цел да се одговори на потребите на заедницата.
Дали постои совршен микс на закупци за секој формат?
6. Пазар на станбен простор.
Што може да се направи за поодржлив развој на пазарот на станбен простор?
Одговорноста што мора да се сноси.
Голема благодарност до поддржувачите на овогодинешниот настан:
Главен спонзор: Гранд Скопје
Залтен спонзор: Elena Luka Home
Сребрени спонзори: Халкбанкa АД Скопје, Еуролинк Осигурување, Delight Office Solution, Knauf Macedonia, ZSF KOM, INET. Balfin Real Estate
Ексклузивен медиа партнер: Kapital Media Group
Пријатели на настанот: FAKTORMK, InStore – Macedonia, Inovativnost
Иницирана од: Forton Macedonia
Ко-Организирана од: Kliker Marketing
Регистрирајте се преку веб-страницата https://realestateconference.mk/