Најголемиот фабрички погон во светот е дизајниран за од атмосферата да го вшмукува загадувањето кое ја загрева планетата, а почна со работа вчера на Исланд. Mamut е вториот комерцијален погон кој го отвори швајцарската компанија Climeworks во таа земја и е десет пати поголем од својот претходник, Orkа, кој почна со работа со 2021 година.
Директното чистење на воздухот или DAC е технологија која е дизајнирана да го вшмука воздухот и од него да го издвои јаглеродот со помош на хемикалии. Јаглеродот потоа може да се вбризга длабоко под земјата, повторно да се употреби или да се претвори во цврсти производи. Climeworks планира да го транспортира јалгеродот под земја, каде што природно ќе се претвори во камен, со што трајно ќе се зароби. За целата операција ќе биде користена чиста геотермална енергија од Исланд.
Климатските решенија од новите генерации како што е DAC се повеќе го привлекуваат вниманието на владите и приватната индустрија, додека луѓето продолжуваат да согоруваат фосилни горива. Концентрацијата на јаглерод-диоксид кој ја загрева планетата во атмосферата достигна рекордно ниво во 2023 година.
Како што планетата продолжува да се загрева, со разорни последици по луѓето и природата, многу научници велат дека светот мора да пронајде начини за отстранување на јаглеродот од атмосферата, покрај брзото намалување на фосилните горива. Но, технологиите за отстранување на јаглеродот, како што е DAC, и понатаму се контроверзни. Критикувани се како скапи, енергетски захтевни и недокажани на поголема скала.
(Bizlife)
(фото: YouTube)