TikTok ја тужи владата на САД: да се блокира законот против оваа апликација

- Advertisement -

Платформата TikTok и неговата матична компанија ByteDance поднесоа тужба против американскиот сојузен суд и бараат да се блокира законот кој го потпиша американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се бара од TikTok да биде продаден поради наводна поврзаност со Кина или да биде укинат во САД.

Компаниите поднесоа тужба против американскиот Апелационен суд за округот Колумбија, тврдејќи дека законот го крши Уставот на САД по бројни основи, вклучувајќи ја и заштитата за слобода на говор на основа на Првиот амандман, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Законот, кој Бајден го потпиша на 24 април, на компанијата ВyteDance и дава рок до 19 јануари 2025 година да го продаде TikTok или да се соочи со забрана. Во тужбата се укажува дека законот кој носи таква забрана е донесен по прв пат во историјата.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -