Mercator-S стана првиот зелен трговски синџир во Србија

- Advertisement -

IDEA, Roda и Mercator објектите се првите продавници во Србија кои користат електрична енергија целосно добиена од обновливи извори. Со цел одржлива работа и заштита на животната средина Mercator-S се одлучи на значаен чекор – стана првиот зелен трговски синџир во Србија, што значи дека користи електрична енергија од Eлектростопанство Србија, која е целосно добиена од обновливи изори.

IDEA, Roda и Mercator продавниците ширум Србија на овој начин значително ќе придонесат за заштита на животната средина затоа што во текот на оваа година ќе ја намалат емисијата на јаглерод диоксид за 33%, а во 2025 година за дури 50%.

- Advertisement -

Преминувањето на компанијата Mercator-S кон користење електрична енергија која е добиена од обновливи извори е дел од ESG стратегијата на Fortenova Grоup со цел создавање одржлива иднина. Компанијата уште во 2021 година постави паметни преси за рециклирање на лименки во 10 избрани IDEA и Roda продавници, со што до денес стигна до бројка од речиси 50.000 брециклирани лименки.

Шокрај рециклирање, Mercator-S покрена и проект за компостирање, кој има за цел да ја намали количината депониран отпад. Така почна пилот-проектот во 16 избрани IDEA продавници, од кои само во текот на една година беа компостирани над 35 тони органски отпад и беа добиени 6 тони компост.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -