Поминаа десетина години откако SpaceX ги најави своите планови за испраќање на многу сателити во вселената, кои на луѓето од секој дел од Земјата ќе им овозможат стабилен и брз интернет. На почеток многумина беа скептични за плановите на Маск, особено затоа што во тоа време најголема констелација на сателити беше сателитската мрежа Iridium, со само 66 сателити.
Но, екипата од SpaceX беше истрајна во своите напори и во мај 2019 година ги лансираа првите сателити во вселената и продолжија постојано да испраќаат нови сателити во текот на последните пет години. Според податоците на аналитичката компанија специјализирана за пазарот на сателити Quilty Space, на овој успех на SpaceX со Starlink не се надевале ниту најголемите оптимисти и најголем дел од луѓето во индустријата ги начека неспремни. Моментално во ниската земјина орбита се наоѓаат околу 5.200 сателити на Starlink, кои обезбедуваат услуги во 57 држави во светот, додека бројот на корисници на сателитите е околу 2,7 милиони.
Иако цената на сателитскиот интернет е многу поголема во однос на класичната оптика и мобилниот интернет, и понатаму постојат места во светот, меѓу кои и руралните подрачја во развиените земји, каде што побрзиот интернет и понатаму не е достапен. На таквите подрачја Starlink изгледа како идеален начин за пристап до интернет.
Starlink е дел од SpaceX и оваа компанија не ги објавува своите финансиски резултати, така што не можеме да се базираме само на неофицијални податоци од аналитички компании. Според податоците кои ги објавија од Quilty, Starlink веќе е профиатебилен и годинава се очекува добивка од речиси 3,8 милијарди долари пред оданочување и ампртизација. Според проекциите на експертите од оваа компанија, приходите треба да изнесуваат 6,6 милијарди долари, што е прилично неверојатно за компанија која пред четири години речиси немала приходи.
Освен голем раст на приходите, аналитичарите го фалат и начинот на кој SpaceX управува со трошоците, што резултирало со остварување профит. Имено, компанијата сама развива и произведува свои сателити, па соработката со доставувачи и трети страни во производството е сведена на минимум.
Цената за производство на еден таков сателит од верзијата 1.0 е околу 200.000 долари, но компанијата за годинава ја планира верзијата 3.0 со подобрени можности, вклучувајќи и поголема брзина на интернет и можност за поврзување со мрежа без потреба од посебни терминали.
(Ars Tehnica)
(фото: Wikimedia)