Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес: “Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights”
Датум: 20.05.2024 година
Време: 15:00 – 17:00
Локација: Македонска Филхармонија
Кој е Д-р Исак Адижес?
Д-р Исак Адижес е светски познат консултант, автор и академик, роден во Скопје, Македонија. Со повеќе од 50 години искуство, неговата Адижес методологија за менаџмент е рангирана во ТОП 10 методологии во светот. Тој е консултант на голем број држави и компании во светот, вклучувајќи ги и Fortune 500 компаниите. Д-р Адижес е автор на 27 книги преведени на 33 јазици, а неговите идеи и пристапи се применуваат во повеќе од 1000 организации низ светот. Тој се преселил во Соединетите Американски Држави, каде станал професор на неколку престижни универзитети, вклучувајќи ги UCLA и Stanford.
Др. Адижес е добитник на награди и почести за неговиот придонес во областа на менаџментот и лидерството, а неговите идеи се често цитирани во публикации како The Wall Street Journal, Fortune и The New York Times.
Повеќе детали за ексклузивниот настан “Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights”
Овој настан ќе се одржи на 20.05.2024 година во Македонска Филхармонија од 15 до 17 часот. Др. Исак Адижес ќе зборува за предизвиците и можностите со кои компаниите и индивидуалците се соочуваат во турбулентните времиња за бизнис секторот и општеството. Една од клучните теми на дискусија ќе биде промената како константа, клучните нешта што лидерите треба да ги имаат на ум кога ги формираат своите тимови, и како постојаната посветеност кон знаење и работењето со пасија резултираат со успех.
Овој настан е вистинска можност за сите учесници да добијат можност за еден нов поглед за креирањето на стратегии и градењето на успешен бизнис.
Adizes Institute достапен во Македонија:
Освен успешната консултантска кариера, Д-р Адижес е основач на Adizes Institute, меѓународна консултантска фирма која им помага на организациите да ги постигнат нивните цели преку неговата методологија.
Настанот и Adizes Institute во Македонија е во организација на М6 Едукативен центар, а влезници може да се купат на веб страната на центарот или пак со регистрација на info@m6.edu.mk.
M6 Едукативен центар е официјален и единствен застапник на програмата Адижес Онлајн, во рамки на која преку персонализиран пристап компаниите и индивидуалците имаат пристап до повеќе од 300 часови дигитални лекции, видеа, литература, а имаат можност и за директни консултации со тимот на Адижес Институтот.