Вештачката интелигенција закана за 3 милиони работни места во Германија

- Advertisement -


Со брзото воведување на системи за вештачка интелигенција во компаниите, многу вработени во Германија мора да се подготват за сериозни професионални промени.
Во Германија до 2030 година се очекува да се променат до три милиони работни места, што е 7% од вкупниот број вработени, покажува најновото истражување на глобалниот институт McKinsey.

Сценариото на експертите на McKinsey претпоставува забрзано воведување на системи за вештачка интелигенција во Америка и во Европа. Ова може да доведе до автоматизација на речиси една третина од работните часови до 2030 година.

- Advertisement -

До 2035 година уделот во ЕУ би можел да порасне на 45%. Според проценките, речиси 12 милиони промени на работни места би можеле да бидат неопходни до 2030 година во Европа и во САД.

Во Европа тоа е 6,5% од сегашните работни места. Авторите на истражувањето го гледаат овој тренд како ризик за пазарот на трудот. Од една страна, висококвалификуваните и натпросечно платените работни места тешко се пополнуваат, а д друга страна, можен е вишок на работници во секторот со ниски плати.

- Advertisement -

Најголеми промени се очекуваат во канцелариското работење и во административните сектори на компаниите и јавните институции. Повеќе од која било друга промена на работното место благодарение на вештачката интелигенција (54%) во Германија доаѓа од овој сектор.

Заедно со Италија, Германија е особено погодена бидејќи канцелариските работни места имаат висок удел во вкупната вработеност. Потоа следат услугите и продажбата на клиенти со 17% и производните активности со 16%.

- Advertisement -

Во овие услови експертите од McKinsey очекуваат позитивни економски ефекти. Со забрзаното воведување на вештачката интелигенција и поефикасното дообучување на работниците во европската економија, годишната стапка на растот на продуктивноста до 2030 година може да се зголеми на 3%.

(Bizlife)

(фото: Pixexid)

Сподели!
- Advertisement -